Поскапувања има и во Европа, ги прашавме Италијанците колку чинат лебот, месото, сметките

Војната во Украина, но и енергетската криза која го погоди светот, доведоа до поскапувања во Европа. И во Италија постои загриженост поради зголемувањето на цените, но и за тоа дали набрзо ќе се најде решение за војната во Украина и состојбата ќе се нормализира.

Италијанците објаснуваат дека им поскапеа лебот и другите намирници, бензинот, а сметките се двојно поголеми.

Овде, поради војната меѓу Русија и Украина, веднаш имаше поскапувања. Цената на лебот се зголеми, но пред сѐ и цената на струјата скокна. Минатата недела добив сметка, со двојно зголемена сума.  Санкциите кон Русија веќе и задаваат тежок удар на италијанската економија, која и онака беше прилично кревка пред војната. Многу луѓе се во проблеми, особено бизнисите каде енергетската потрошувачка е тројно зголемена. Лебот чини околу три евра за килограм, а месото ако се купи во продавница може да достигне и до 8 евра за килограм. Цените се зголемија во последните неколку недели. Зголемување на цените на безалкохолните пијалоци има во речиси сите супермаркети за 50 отсто. Најпогодена група на луѓе несомнено се пензионерите со минимална пензија, кои примаат од 400 до 500 евра месечно“, вели Кристина Корцето од Џенова.

Детали читајте на Фактор тука.