ПОСТАТ, НО СЕКАДЕ НЕ ВАПЦААТ ЈАЈЦА: Како луѓето го слават Велигден во различни земји?

Во различни земји, верниците имаат поинакви обичаи за прославувањето на Велигден. Но, иако во повеќе земји за празникот верниците вапцаат јајца, тоа не го прават секаде.
Прашавме верници од повеќе држави и тие велат дека пред празникот постат, за празникот одат во црква и подготвуваат богата трпеза. Сузана Геворгијан од Ерменија објаснува дека вечерта пред Велигден почнуваат да слават, така што одат во црква и таму земаат света храна и света вода. Taa додава дека вапцаат јајца, но ако се случило некој член од семејството да починал скоро, овој ритуал го прескокнуваат.
„Ги посетуваме соседите и им носиме јајца. Исто така многу сакаме да го украсиме домот со цвеќиња и трева. Има сличности, но можеби има и некои разлики. За вечера не правиме месо, туку јадеме риба, ориз, јајца, пиеме вино. Видов дека вашите цркви се навистина прекрасни. Нашите се во поинаков архитектонски стил. Имаме многу стари, но и многу нови цркви во Ерменија“, објаснува Геворгијан која живее во Ереван.
Во Грузија обичаите се слични како и во Македонија. И тие вапцаат јајца за Велигден.
„Пред празникот постиме, а на празникот почнуваме да јадеме мрсна храна. Ден после празникот, одиме на гробишта, да ги посетиме оние кои нè напуштиле, носиме јајца, вино и различни јадења. Се собираме и се сеќаваме“, вели Какха Нозадзе од Тбилиси, Грузија.
Но, христијаните во Етиопија не подготвуваат шарени јајца за празникот. Фиталев Лезав од Дебарк од Етиопија вели дека за празникот јадат овчо месо за ручек.
Повеќе прочитајте на ФАКТОР.
Фото: Freepik.com