ПРАДА, ГУЧИ, ШАНЕЛ ВО МАКЕДОНИЈА? Не без „такс фри“, државата незаконски не им го враќа данокот на странците

Македонија е една од ретките земји во светот во која не се врши поврат на потрошениот Данок на додадена вредност (ДДВ) на лица странци кои немаат постојано живеалиште во земјава, а кои дошле и пазарувале овде. Она што е уште почудно е зошто во земјава не функционира такнареченото „такс фри“ шопингување кога тоа го предвидува Законот за ДДВ. Имено дури 22 години, членот 25 од овој закон предвидува да се врши поврат на овој данок кон физичко лице купувач кое нема постојано живеалиште или привремен престој на територија на Македонија. Толку години или точно од 2000 година сите владеачки гарнитури одлучуваат да се крши законот и враќањето на данокот да не биде овозможен. Од Министерството за финансии и денеска велат дека се прават анализи за ова. Додека тие практично нудат одговори без суштина, многу бизнисмени имаат конкретни анализи колку токму повратот на ДДВ кон странците и штети на државата. Затоа велат, немаме брендови од висока класа како „Прада“, „Гучи“, „Шанел“ кои не би дошле овде оти не можат да егзистираат само од домашни купувачи.

Законот за ДДВ е донесен во 1999 година, а влезе во сила 2000 година. Во овој закон кој и сега е на сила е регулиран повратот на ДДВ.

Имено согласно постојниот Закон за ДДВ е предвидено купувач-физичко лице, кое на територијата на Република Македонија нема постојано живеалиште или привремен престој, да има право на враќање на данокот на додадена вредност за добрата кои се купени во земјата чија вредност надминува износ од 5.000 денари, вклучувајки го и данокот на додадена вредност, кои ги изнесува од земјата пред истекот од третиот месец кој следи по месецот на купување.

Игор Божиновски, сопственик на „Божиновски часовници и накит“ за Фактор вели дека тој лично овој проблем го изложувал на, како што вели, сите гарнитури на власт, министри и премиери.

Целиот текст читајте го на Фактор тука.