Празнична атмосфера во домот на Ана Ивановиќ: Најубавата велигденска честитка од најдобрата тенисерка во светот

Поранешната најдобра тенисерка на светот и сопруга на германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер испрати велигденска честитка до сите православни верници.

Ана Ивановиќ (33) им го честиташе Велигден на православните верници и со тоа ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм.

Поранешната прва тенисерка на светот сподели фотографија на која ги покажа своите обоени јајца, додека во описот испрати честитки до сите.

„Среќен Велигден на сите што слават денес. Ви посакувам ден исполнет со среќа, смеа и љубов! Среќен Велигден “, напиша Ана на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)


Сите забележаа како јајцата се обоени во многу интересни бои, но секако фокусот е на „чуваркуќа јајцето“, односно на црвената боја.