Пред Божиќ мајка му го остави на гробишта со кучето и побегна: Цел свет зборува за тажната судбина на ова момче

фото: Hinckley Police Department - Ohio

Жената која го пријавила случајот во полиција видела момче кое трча по син автомобил кој се оддалечува...

На тригодишно момче кое беше пронајдено напуштено на гробиштата со своето куче два дена пред католичкиот Божиќ, заедницата граѓани во соработка со полицијата му ја вратија насмевката на лицето со бројни подароци што ги собраа за него.

 


Заедницата во Охајо се крена на нозе откако на 23 декември беше објавено дека полицијата пронашла 3-годишно момче. Женски очевидец изјавил на полицијата дека забележала момче, идентификувано како Тони, како трча по синиот автомобил додека возилото се оддалечувало од гробиштата, пренесува „Фокс њуз“.

Тони е сместен со згрижувачко семејство во областа Медина. Истражителите ги пронашле неговите родители, а од центарот велат дека таткото бил „многу кооперативен“.

Таткото на момчето повикал полиција откако член на поширокото семејство видел фотографија од неговиот син објавена од локалните медиуми и го известил. Тој им рекол на истражителите дека момчето било со неговата мајка во моментот кога бил напуштен.

Таткото на Тони и полицијата се вратиле на гробиштата и го  нашле и кучето. Не е поднесена пријава против мајката на момчето.

Приказната за момчето ги скрши срцата на многумина кои веднаш решија да го развеселат момчето барем малку со подароци. Полицијата објави фотографија од собраните подароци на Фејсбук и се заблагодари на заедницата во Охајо.


извор:stil.kurir.rs