Прерано замина: На само 44 години почина познатиот македонски диџеј

Менаџерот Васко Павлевски, сопственик на „Горила Продукција“ денеска на социјалните мрежи ја сподели тажната вест за прераната смрт на Кирил Чипурески од Битола.

– Другар почивај во мир. Заедно од Богданци до Тетово, од Струга до Каменица, безброј светски имина, фотосесии, ти си кум на нашето Fresh Union, многу пати беше и дизајнер, беше диџеи, беше продуцент, вршеше преводи по граници кога светски диџеи немаа виза, многу пријателства, многу журки, многу голем придонес за промоција на Битола и Македонија. 20 години заедно не беа доволни за да раскажеме се! Се гледаме таму горе Чипур - напиша Павлевски на социјалните мрежи.

Засега не е позната причината за смртта на Џипурески, кој имаше 44 години.