Приказната за малата Палешка од Нови Сад: Животот го започнала во инкубатор, се борела како лавица, а денес е слатко и паметно девојче

Фото: Приватна архива за telegraf.rs

Тогаш породена и со „штури“ информации само се молев на Бога, се сеќава нејзината мајка Лана

Лана Франсер од Нови Сад по породувањето се соочи со многу тешка битка. Наместо на 20-ти октомври, нејзината Петра се роди на 30-ти август и Лана мораше да ја гледа како се бори за својот живот. Таа вели дека никому не би му го посакала ова искуство, но понекогаш јавно го споделува на мрежите, само за да ги поддржи мајките кои сега се во таква борба.

- Чекав да го родам моето девојче на 20-ти октомври, кога наеднаш дознав дека имам прееклампсија. Затоа мораа да ме породат на 30-ти август. Во оваа приказна воопшто не сум јас важна, туку моето бебе кое е родено со 1.670 грама, а подоцна имаше 1.340. Искрено, мислев дека таквите бебиња не можат да преживеат ниту еден ден - вели Лана за„telegraf.rs“.

Немала никој наоколу на кого вакво нешто му се случило. Сè што знаела тогаш беше да се моли и да верува.

- Тогаш породена и со „штури“ информации само се молев на Бога. Не ни закрепнав, бев до неа, односно до инкубаторот, а потоа таа почна да расте. Чувствуваше дека не е сама! Неизмерната љубов ѝ помогна да се бори и да преживее. Кога закрепна, таа беше иста како и сите други бебиња. Се надевам дека оваа приказна ќе ги охрабри сите што го преживуваат ова - вели храбрата мајка.

Фото: Приватна архива за telegraf.rs

Од гледна точка на мајка која се молела за животот на своето дете, има само една порака за сите нас:

- Има многу полоши работи од тоа да немаш добра работа, немање пари, добар автомобил. Голема благодарност до целиот тим на Бетанија и Детската болница кои ми овозможија да го гушнам моето девојче. Боже, фала - вели Лана.

Нејзината малечка од 1.300 грама со име Петра денес е здраво девојче, без никакви последици. Има девет години, оди на училиште и обожава животни.

Фото: Приватна архива за telegraf.rs

Гордата мајка неодамна објави слика од неа од инкубаторот и слика од како нејзината ќерка изгледа денес.

- Размислувам колку време ми требаше некој да ми испрати ваква слика, како доказ дека сè ќе помине и ќе биде ок, ќе порасне таа мала трошка. Не се откажа -  не се откажавме! Верувавме и со молитва ЗАЕДНО пораснавме! Те сакам, трошке моја. Поддржете ги сите мајки кои моментално се на неонатологија и војуваат со нивните херои. Верувајте, многу брзо ќе помине - вели на крајот Лана.


Извор: www.telegraf.rs

Фото: Приватна архива за telegraf.rs