Принцезата Шарлин ги засени сите трендсетерки со својата врвна елеганција: Ги има совршените панталони за ова лето (ФОТО)
Ако некој не греши на полето на модата, тоа е секако принцезата Шарлин, сопруга на принцот Алберт Втори од Монако. А дека ова е вистина, се виде и вчера кога во јавноста се појави снаата на Грејс Кели. Многу ѝ е лесно да ја истакне моќта на едноставноста во облеката. Познато е и на која модна куќа најмногу ѝ верува. Тоа беше одличен избор.
Со секое модно издание, Шарлин не потсетува дека умереноста и софистицираноста во облеката немаат конкуренција и дека некои ретро трендови кои ја нагласуваат женственоста никогаш не ја губат својата важност. Принцезата носеше елегантни панталони со малку подигнат струк со тенок ремен и блуза со отворени ракави, дизајнирани од модната куќа Џорџо Армани.
Принцезата постојано нè потсетува на модата од некои минати времиња, која и денес и недостига на јавната сцена. Погледнете ги овие прекрасни панталони со широки ногавици со огромен ремен и кошула со пруги. Каков прекрасен начин да се истакне убавината на жената.
На сликите покрај Шарлин е нејзината ќерка Габриела, сестра близначка на малиот Жак.
Извор: zena.blic.rs