Принцот Чарлс им се заблагодари на здравствените работници: За нивната напорна борба против новата пандемија на коронавируси

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, таткото на престонаследникот принцот Чарлс, вчера беше задржан во болница. Бакингемската палата потврди дека принцот Филип по совет на лекар бил хоспитализиран.

А, пак денес британскиот престолонаследник Чарлс и неговата сопруга Камила ја посетија болницата „Кралицата Елизабета“ во Бирмингем за да им се заблагодарат на лекарите, медицинските сестри и персоналот за нивната напорна работа за време на новата пандемија на коронавируси.

Принцот Чарлс, кој беше вакциниран против ковид-19 на почетокот на овој месец, зборуваше за „големата радост“ што ја почувствувал кога се сретнал со некои од оние кои работат во британскиот здравствен систем.

„Вие сте извонреден тим, ако можам да го кажам тоа, а ние сме навистина среќни што ве имаме“, рече принцот Чарлс пред да отвори плакета заблагодарувајќи им се на медицинските лица за нивните „неверојатни напори“.

Принцот Чарлс, кој има 72 години, рече дека е на иста возраст со Националната здравствена служба, која обезбедува бесплатна здравствена заштита. Тој се смееше на персоналот на болницата кој рече дека здравствената служба работи подобро од него. „Постепено се распаѓам“, додаде тој.

Наследникот на престолот беше позитивен на коронавирус во првиот бран на пандемијата минатиот март, но рече дека имал среќа затоа имал релативно благи симптоми и се опоравил.

„Се надевам дека ќе продолжите да нижите сè поголем успех во борбата против овој одвратен вирус, но вие победувате и тоа е одлично“, рече принцот.


Фото: АР/БТА