Парис Хилтон цел живот мислела дека е асексуална: Ме ужаснуваше сè што е повеќе од бакнеж

Добивај вести на Viber

Милионерката Парис Хилтон откри дека била убедена дека е асексуална во своите 20-ти и дека ја доведувала во прашање нејзината сексуалност додека не го запознала својот сопруг Картер Ром.

„Бев позната како секс симбол, но сè што беше сексуално ме ужаснуваше. Сакав само да се бакнувам, многу од моите врски пропаднаа поради тоа", објасни 42-годишната наследничка на империјата на хотелот Хилтон во интервју за „Harper's Bazaar“.

Сепак, сè се променило кога Парис го запозна Картер на собирот на семејните пријатели на Денот на благодарноста во 2019-та година.

„Не е славен, паметен е, потекнува од убаво семејство, добар човек е. Тоа беше спротивно од она на што бев навикната кога барав партнери", признава таа.

„Се чувствувам како конечно да го добивам она што го заслужувам по пеколот низ кој поминав, а тоа е некој на кој можам да му верувам и некој со кого ќе изградам вистински живот“, додава наследничката и претприемач.


Двојката се венча во 202-ва1 година, а минатиот месец го дочека нивното прво заедничко дете - син кој целосно ја промени нејзината перспектива.

„Повеќе ме интересираат бебиња отколку милијарди“, се пошегува во таа притоа истакнувајќи колку љубов чувствува кон него.

„Сакам да го заштитам и да бидам со него секоја секунда. Сега се чувствувам комплетна“, додаде Парис, која сега има нова желба – да има девојче.


Во минатото ја поврзуваа со Леонардо ди Каприо, Бенџи Маден и Рик Соломон, со кого и го сними злогласното домашно секс видео.

Исто така, таа беше свршена четири пати. За моделот Џејсон Шо, наследникот Парис Ласис, актерот Крис Зилкаи и конечно со Картер Ром.

Извор: www.b92.net