Парис Хилтон стана мајка! Убавите вести ги криеше до последно, а нејзиниот пат до мајчинството не беше лесен

Добивај вести на Viber

По години без среќа, ријалити ѕвездата се обрати до пријателката Ким Кардашијан, која ја поврза со доктор кој ќе и го промени животот.

Наследничката на империјата на семејството Хилтон и една од првите ријалити ѕвезди во светот, Парис Хилтон (41) го доби своето прво дете, како што ни покажа на социјалната мрежа Инстаграм.

Познатата богаташка објави фотографија на која ја гледаме Парис како го држи новороденчето за рака и напиша:

- Зборовите не можат да опишат колку веќе си сакан.

View this post on Instagram

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)



Нејзината објава за три часа собра повеќе од 700.000 лајкови, а познатите личности јавно и честитаа на Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум. Нејзините долгогодишни пријатели Ким Кардашијан и Хајди Клум и рекоа дека се „толку среќни за нив“, а на честитките се придружија актерката Линдзи Лохан, пејачката Деми Ловато, моделот Миранда Кер...

Како што пренесуваат светските медиуми, Парис станала мајка на момче, а нејзиниот сопруг и таа добиле дете со помош на сурогат мајка. Хилтон претходно зборуваше за тоа како поминала низ процесот на ин витро оплодување, а токму нејзината пријателка Ким Кардашијан и го препорачала докторот Енди Ханг кој и помогнал.

- Отсекогаш сонував да станам мајка и толку сум среќна што Картер и јас се најдовме - изјави еднаш Парис.

Нејзиниот сопруг, инаку, веќе има десетгодишна ќерка со ријалити ѕвездата Лаура Белизи, која наводно ја „видел само еднаш“.

Инаку, парот е во брак од 2021 година, кога имаа романтична свадба и тридневна луксузна прослава.


Срцето ми се крши, толку сакаше близнаци: Мајката на Парис Хилтон откри претажни вести

Лажни доктори ставаа прсти во нас: Парис Хилтон со фрапантни тврдења за сексуална злоупотреба во поправниот дом каде била одреден период