Срцето ми се крши, толку сакаше близнаци: Мајката на Парис Хилтон откри претажни вести
Богата наследничка сака да стане мајка...
Парис Хилтон (41) пред точно една година му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Картер Реум. Милионерот за кој се вели дека не го сака медиумското внимание, ја запроси богатата дама „Картие“ со прстен вреден околу два милиони долари. Венчавката која се одржа на имотот Барон Хилтон во Бел Ер беше очекувано гламурозна, но затворена за јавноста.
Наследничката на синџир луксузни хотели во својот документарец откри дека таа и нејзиниот сопруг сакаат деца, близнаци. Таа призна дека ги замрзнала јајцe клетки и не сакала да ја пропушти можноста да стане мајка.
„Навистина сум возбудена бидејќи продолжувам на следниот чекор во мојот живот. Конечно имам вистински живот. Верувам дека смислата на животот е да имаш семејство и деца, а тоа се уште не сум го доживеала, затоа што не чувствував дека некој ја заслужува таквата моја љубов. Сега конечно ја најдов личноста со која можам да постигнам се“, рекла богатата наследничка која ги замрзнала јајце клетките. Нејзината мајка, Кели Хилтон, откри дека Парис има проблем природно да остане во друга состојба.
„Ми се крши срцето, знам колку напорно се труди. Толку многу луѓе се мачат и тоа не се случува туку така. Постојано и велам да се опушти", изјави ѕвездата на реалното шоу "Eeal Housewives of Beverly Hills" во една епизода од „Е! Вести".