Лажни доктори ставаа прсти во нас: Парис Хилтон со фрапантни тврдења за сексуална злоупотреба во поправниот дом каде била одреден период

Добивај вести на Viber

Парис Хилтон откри фрапантни детали за наводното злоставување од страна на персоналот во интернатот во кој учеше, а нејзината приказна „ќе ве запрепасти“.

Најпознатата богаташка Парис Хилтон, која на 41-годишна возраст му кажа „да“ на својот избраник по една година врска, тврди дека била принудена да оди на прегледи на грлото на матката што ги вршиле членови на персоналот на интернат во Јута за проблематични тинејџери пред повеќе од три децении. Таа рече дека нејзиното детство е „украдено“ со наводно малтретирање во училиштето „Прово Кањон“ каде поминала 11 месеци кога имала 17 години. Парис за Њујорк Тајмс ги открила ужасните детали од злоставувањето што го доживеала.

„Многу доцна во ноќта, некаде околу три или четири часот наутро. Мене и другите девојки не‘ носеа во соба и ни правеа лекарски прегледи. Не беше ни со лекар. Тоа беа неколку различни членови,не ставаа на маса и ги ставаа прстите во нас. И не знам што правеа, но дефинитивно не беше доктор и беше навистина страшно. Беше навистина морничаво, и тоа е нешто што навистина ме блокираше многу години. Но, сега постојано размислувам за тоа. А сега, гледајќи наназад како возрасна, тоа дефинитивно беше сексуална злоупотреба“, рече Парис, која ги опиша наводните инциденти на Твитер:


„Лешена од сон и многу лекови, не разбирав што се случува. Бев принудена да легнам на тапацирана маса, да ги раширам нозете и да одам на прегледи на грлото на матката. Плачев додека ме држеа и велев: "Не!" Тие само велеа: „Ќути. молчи. Престани да се мачиш или ќе одиш во Обс“. Важно е да се отворам во овие болни моменти, за да можам да се излечам и да помогнам овој вид на злоставување да заврши“.

„Ова беше искуство кое се повторува не само за мене, туку и за другите „преживеани“. Бев злоупотребена и плачам додека пишувам за тоа, затоа што никој, особено не дете, не треба да биде сексуално злоупотребен. Моето детство е украдено од мене и тоа ме убива. Ова се‘ уште им се случува на другите невини деца“, напиша таа.


Фото: Youtube - screenshoot

Видео: Твитер

Можеби ќе ве интересира:

Богатата наследничка се појави полугола на црвениот тепих: Носеше мрежест фустан, а ова посебно привлече внимание