Богатата наследничка се појави полугола на црвениот тепих: Носеше мрежест фустан, а ова посебно привлече внимание

Синоќа беше најголемата музичка вечер, се одржаа 64. годишни награди Греми со кои им се оддава почит на најдобрите и најсјајните ѕвезди во музичката индустрија! Ѕвездите прошетаа на црвениот тепих во Лас Вегас, а меѓу нив беше и Парис Хилтон и нејзиниот сопруг.

Парис Хилтон блесна на црвениот тепих на 64. доделување на Греми наградите во „MGM Grand Garden Arena“ во Лас Вегас. Најпознатата наследничка на настанот дојде со својот сопруг Картер Реум, а парот привлече големо внимание.

Не е доволно само да се каже дека стајлингот на Парис Хилтон беше волшебен, таа носеше сребрен фустан со капут од брендот „Atelier Zuhra“ украсен со накит.


Стајлингот го комплетираше со пар блескави ракавици без прсти кои го покажаа нејзиниот француски маникир.

Нејзината коса беше стилизирана во високо опавче, а едно пуштено праменче го врамуваше нејзиното лице.

Што се однесува до шминката, таа имаше нагласено бронзено руменило и ефективно нашминкани очи.


Нејзиниот сопруг беше елегантен во црн костум и црна кошула, а се истакна златниот прстен што го носеше на раката.

Двојката размени нежности, а она што особено ги воодушеви сите е моментот кога Картер нежно ја бакна Парис во чело.

Покрај тоа што изгледаат беспрекорно,  и нивната љубов цвета.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Инстаграм - screenshoot - Парис Хилтон

Гламур и голотија: Највпечатливите модни изданија на Греми 2022 (ГАЛЕРИЈА)