Проклетството на семејството Хјустон: Мајката и ќерката животот го завршија во када, за љубовта помеѓу братот и сестрата се зборува и денес

Вилата која некогаш ѝ припаѓање на Витни Хјустон и во која животот трагично го заврши и нејзината ќерка Боби Кристина, е продадена за 715.000 долари...

Вилата која некогаш ѝ припаѓаше на Витни Хјустон, долго стоеше на пазарот за недвижнини пред да го пронајде новиот сопственик. Куќата по смртта на познатата пејачка ѝ припадна на нејзината ќерка Боби Кристина Браун, која почина на идентичен начин како и нејзината мајка, неколку години подоцна.

Боби Браун беше пронајде во скоро безживотна состојба во када во 2015 година. Боби, која уште даваше знаци на живот, успешно беше реанимирана и префрлена во состојба на индуцирана кома, но за жал битката ја изгуби седум месеци подоцна.

View this post on Instagram

A post shared by Bobbi Kristina Houston'Gordon (@realbkristinahg)

Официјалното полициско соопштение гласеше идентично како и она за нејзината мајка која почина три години порано во хотелска соба на Беверли Хилс: несреќен случај на давање поради предозирање со кокаин и други супстанции.

Иако краток, животот на Боби Кристина Браун не беше лесен. Како единствено дете од контроверзниот брак на Витни и Боби Браун, Боби Кристина целиот живот го помина под лупата на јавноста.

фото: Profimedia

Недолго по смртта на Витни Хјустон, Боби стана единствен наследник на нејзиниот имот, кој во тоа време беше проценет на 115 милиони долари. Во исто време започна врска со семејниот пријател Ник Гордон, кој нејзиниот татко и денес го обвинува за нејзината смрт.

„Таа за жал заглави во насилна врска со момче кое ја контролираше до таа мера што животот ѝ е одземен“ - изјави нејзиниот татко, Боби Браун во една од епизодите на емисијата „Red Table Talk“.

Боби била дека од 8 години кога Ник Гордон за првпат се појавил во нејзиниот живот. Ник имал само 12 години кога завршил на куќниот праг на семејството Хјустон - Браун. Неговата мајка, некогашна пријателка на Витни, повеќе не можела да се грижи за него, па го испратила со надеж дека Витни ќе го направи тоа.

Витни му ги отворила вратите од својот одм и го одгледала како да е нејзин син. Иако никогаш не го посвоила официјално, Ник и Боби израснале заедно како брат и сестра.

Романтичната врска ја започнале по трагичната смрт на пејачката во 2012 година, а веќе следната година на изнадување на сите, во емисијата „The Houstons: On Our Own“ потврдија дека се верени.

„Ми здодеа да ги слушам коментарите на луѓето како „Еј, ти си верена за брат ти“ или „Да е жива Витни, што би кажала“ - се пожали Боби Кристина во пост на својот Фејсбук профил.

Иако двојката во 2014 година потврди дека се венчале, по смртта на Боби Кристина, се огласија адвокатите на семејството Браун кои остро ги демантираа медиумските натписи дека несреќно починатата Боби во кадата ја пронашол нејзиниот сопруг Ник Гордон.

„Да ги поправам претходните изјави, Боби Кристина не е и никогаш не била венчана за Ник Гордон“ - изјави адвокатот на семејството, Кристофер Браун. Семејството Браун покрена приватна тужба против Ник кој го сметаа за одговорен за нејзината смрт, и судот во Атланта во 2016 година пресуди во нивна корист и му нареди на Ник да им исплати 36 милиони доалри оштета.

Инстаграм профилот на покојната Боби и понатаму постои и е преполн со заеднички фотографии со Ник, кои упатуваат на тоа дека двојката искрено се сакала без оглед на сѐ. Како официјално име на профилот стои Боби Браун Хјустон Гордон.

View this post on Instagram

A post shared by Bobbi Kristina Houston'Gordon (@realbkristinahg)

Ник Гордон го напушти светот во 2020 година, исто како и неговата љубов од детството. Пронајден е мртов во соба во Флорида, а причината за смртта е предозирање со хероин.

фото: Printscreen/Youtube