Пронајде љубов на 81 година: Марта Стјуарт потврди дека е во врска

Едно од најпознатите имиња во светот е доказ дека никогаш не е доцна за љубов! Познатата Американка која во август го прослави својот 80-ти роденден, призна дека е среќно заљубена.

Американската бизнисменка, писателка, поранешна манекенка и ТВ ѕвезда Марта Стјуарт објави заводлива фотографија направена во базен ова лето, а сега за време на гостувањето во ток-шоуто на Енди Коен „Watch What Happens Live“ се пошегува дека тоа не и донело многу додворувачи. Сепак, таа не остана долго сама!

На прашањето на водителот дали моментално се гледа со некој, таа одговори: 

- Не... нема потреба да кажам „не“. Мислам - да, но не сакам да ви зборувам за тоа.

Таа не сакаше да открива детали за својот партнер, а се осврна на гласините дека имала нешто повеќе со познатиот Лари Кинг. Како што објасни Стјуарт, кога во една прилика биле видени заедно во њујоршкиот ресторан Елио, тие биле само двајца пријатели кои излегле да разговараат. Сепак ...

- Мислев дека ќе зборуваме за новинарство и така натаму... И тогаш стана малку љубовно - рекла Марта и одбила да открие повеќе детали.

Таа само додала дека Лари Кинг бил најљубезниот интервјуер на телевизија.

- Прецизни, грижливи и заинтересирани. Тоа е Лари Кинг! Заклучи таа.


Фото: Инстаграм/Марта Стјуарт