Прва ја прими вакцината против ковид-19 во Велика Британија: Има 90 години

Според неа, ова е најдобар можен роденденски подарок. 

Имено, Маргарет Кинан од Енискилен, Северна Ирска, жена на 90-годишна возраст, која наредната недела ќе наполни 91 година стана првата личност што ја прими вакцината против ковид-19 во Велика Британија, вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“, пренесува Би Би Си.

„Се чувствувам привилегирано затоа што ја примив вакцината против ковид-19. Тоа е најдобриот ран роденденски подарок“, вели Маргрет.

После неа, уште неколку милиони Британци чекаат на ред за вакцината.

По Велика Британија, Бахреин е втората земја во светот што ја има вакцината на „Фајзер“ против ковид

По завршувањето на клиничките испитувања, како што тврдат експертите, вакцините на овие компании се со ефикасност од 94 и 95 отсто.

Извор: Би би си