Првата дама на Македонија засени и кралици и принцези со изгледот: Елизабета на крунисувањето едноставно е парекселанс
И нашиот претседател Стево Пендаровски заедно со неговата сопруга Елизабета, беа поканети на крунисувањето на кралот Чарлс III во Лондон.
На гламурозниот настан преку 2500 високи гости на лице место ја следеа церемонијата на крунисувањето, меѓу кои кралевите и кралиците на Шпанија, Белгија, Монако... американскиот претседател и неговата сопруга, членовите на кралските семејства од Арапскиот свет, имераторот на Јапонија, како и многу други познати ѕвезди од шоу бизнисот.
Нашата прва дама за овој неповторлив настан облече креација која веќе ја има носено во 2021 година, но во Лондон на неа изгледаше како совршено да им парира на врвните стиски жени кои го дрмаат светот модно. Во виолетова боја, нејзината омилена, во бојата на духовноста, Ѓоргиевска едноставно пленеше. И скоро никогаш не погрешила во изборот. Во интервју за Женски магазин изјави пред извесно време дека не сака толку да биде запамтена по стилот туку по сето она што го работи како голема хуманитарка.
Бети, БРАВО!
Фото. ПРСМ, инстаграм