„Рај за душа и тело“: Ѕирнете во дворот каде секој ден ужива пејачката Стоја

Стоја Новаковиќ минатиот викенд го прослави својот 50-ти роденден. Бидејќи не стигна на сите да им се заблагодари за честитките, реши на сите да им одговори со нова објава на Инстаграм.

Покрај тоа што им се обрати на сите кои ѝ го честитаа роденденот, пејачката се пофали и со својот двор.

„На сите што ми го честитаа роденденот, еден голем бакнеж од мене“, напиша Стоја покрај фотографијата.

View this post on Instagram

A post shared by S T O J A (@stoja_institucija)


Познато е дека пејачката има куќа во Перлез која ја навела како локација на споменатата социјална мрежа. Таму направила вистински рај, што може да се види од приложеното.

Покрај честитките во коментарите под фотографијата, пејачката доби и пофалби за изгледот на дворот:

„Ова е рај, рај за телото и душата“, „Како Стоја, дворот е уште поголема институција“, „Убаво ти е овде во Перлез“, се само дел од коментарите.



Фото: Инстаграм/Youtube

Видео: Youtube