РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: Баница од тиква

Добивај вести на Viber

Во сад со млако млеко, додадете ги квасецот, солта, шеќерот, зејтинот и брашното, промешајте и оставете да стаса. Земате една од корите и премачкајте со стасаната смеса, па врз неа ставете уште една кора, исто така премачкана.. На така приготвените три кори ставете од филот и замотајте ги како ролат, наредете ги во плехот како ролати (можете и во округол плех да ги намотате како полжав). Доколку ви остане од смесата, премачкајте ги сите кори одозгора. Оствете уште 20 минути да стаса и печете во загреана рерна на 200 степени. Слатките пити или баници, посипете ги со шеќер во прав.

ФИЛ ОД ТИКВА

Исчистената тиква изрендајте ја, ставете шеќер по ваш вкус и пржете ја на масло додека не испари целата течност. Тргнете од огнот, додајте зачини и оставете да се лади. Потоа филувајте ги корите.


Можеби ќе ве интересира: