(РЕЦЕПТ) Поховани банани: Совршен десерт готов за 15 минути!
Ако сакате нешто слатко, а дома имате банани и основни
состојки за палачинки, нема да мора да одите во продавница; пет минути се
доволни за овој фантастичен
десерт ...
Похована јаболка за многумина е сеќавање на среќното детство, но бананите одлично одат со оваа смеса. Ако сакате, можете да ги издлабите и да ги наполните со чоколадо, па дури и да ги превртите во мелени бисквити откако ќе ги натопите во смесата. Ако одлучите да ги наполните, не сечете ги на мали парчиња, попрактично ќе ви биде да ги исечете на половина.
Рецепт за пржени поховани банани:
Потребни состојки:
- 3 големи банани
- 1 и 1/2 чаши брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1/8 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка цимет
- малку сол
- 3/4 чаша вода
Начин на подготовка:
1. Исечете ги бананите на помали парчиња. (Доколку ги полните внатре со чоколадо сечете ги бананите на половина)
2. Измешајте ги сувите состојки.
3. Истурете ја водата и измешајте ги сите состојки со жица за да нема грутки.
4. Бананите премачкајте ги со смесата, пржете на врело масло околу 4 минути и оставете ги на хартија која ќе го абсорбира вишокот масло за готвење.
5. Послужете со сладолед и намаз од чоколадо или прелијте со мед, а може врз нив да посипете и шеќер во прав.
Бон апетит!
Фото: Shutterstock
Можеби ќе ве интересира:
Десерт со мирис на детство: Обичниот колач на мама со јаболка и гризБрз, лесен и вкусен: Домашен сникерс за само 10 минути!