Десерт со мирис на детство: Обичниот колач на мама со јаболка и гриз

Добивај вести на Viber

Овој преубав десерт е еден од оние кои мајките со задолство го подготвуваат, бидејќи е полн со здрави состојки! Се мери со чаши, што целата постапка ја прави супер едноставна.

Состојки:

1 јајце;

1 шоља шеќер;

1 шоља гриз;

1 шоља мелени ореви;

2 шољи рендани јаболка;

1/2 прашок за пециво;

малку цимет;

1/2 шоља масло;

1/2 шоља млеко;

100 грама чоколадо;

2 лажици млеко.

Подготовка:

Сите состојки ги мешате одеднаш. Ги ставате во подмачкана тава и наросена со брашно.

Печете околу 40 минути на температура од 180 степени. Оставете колачот добро да се олади, а потоа прелијте го со глазура од чоколадо и две лажици млеко.