(РЕЦЕПТ) Растат како луди: Посни крофни

Добивај вести на Viber

Потребни намирници:

250 ml млака вода

40 гр свеж квасец

500 гр брашно

50 гр маргарин

2 лажици шеќер

100 гр шеќер во прав

2 ванилин шеќер


Начин на подготовка:

Квасецот растворете го во млака вода со лажичка шеќер и лажичка брашно и оставете го да втаса.

Пред да втаса квасецот, измешајте ги шеќерот и маргаринот, додадете го втасениот квасец, а потоа полека месете го со брашното.

Оставете го тестото на топло да нарасте дупло, а потоа повторно измесете го, исукајте го тестото до дебелина од 1 см и извадете ги крофните со чаша или калап за крофни.

Оставете ги околу половина час тие да нарастат, а потоа испржете ги во врело масло.

Прво горната страна од крофната ставете ја во тавата за пржење.

Посипете ги со шеќер во прав во кој е додаден ванилин шеќер, а можете и да ги наполните со омилениот мармалад или џем.

Сервирајте по ваша желба.

Бон апетит!


(РЕЦЕПТ) Посни брускети со домат и лук