(РЕЦЕПТ) Веганско Брауни

Добивај вести на Viber

Потребни намирници:

2 чаши пченично брашно

2 чаши бел шеќер

¾ чаша незасладено какао во прав

1 лажиче прашок за пециво

1 лажиче сол

1 чаша вода

 3/4 чаша масло

1 течен екстракт од ванила


Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во голем сад, измешајте брашно, шеќер, какао, прашок за пециво и солта. Истурете ја вода, масло и ванила екстрактот побавно, полека. Добро измешајте додека смесата не биде хомогена.

Распоредете рамномерно во тава за печење, претходно подмачкана со масло за готвење.

Печете околу 25-30 минути во загреана рерна или додека не биде готов колачот. Оставете да се олади барем 10 минути пред сервирање.

Исечете на коцки и сервирајте.


Бон апетит!!!


(РЕЦЕПТ) Посни бомбици од само две состојки