Роди четири деца, па се настега во тесен кожен фустан кој не простува несовршености: Убавата Блејк Лајвли доминира (ФОТО)
фото: Profimedia
Најжешката мајка во Холивуд се појави со нејзината мајка, исто така актерка - Елејн Лајвли на отворањето на ексклузивна продавница на Менхетен
Блејк Лајвли за оваа многу елегантна пригода носеше долг фустан со копчиња, а тоа е многу тесен модел кој ја оцртува линијата на телото и ја истакнува секоја најмала неправилност на телото.
Совршениот кафен кожен фустан има класична јака, долги ракави и ремен што дополнително го истакна нејзиниот совршен струк.
фото: Profimedia
Блејк го носеше фустанот раскопчан, додека во долниот дел закопча само неколку копчиња со што убавата актерка изгледаше уште попривлечно. Фустанот од веганска кожа го потпишува американскиот дизајнер Брендон Максвел, а се работи за модел на кошула-фустан наречен „Marlowe“.
Својот стајлинг го заокружи со прекрасни кафени сандали со вртоглаво висока потпетица од модната куќа „Christian Louboutin“, а секако носеше и накит „Тифани“, односно ѓердан во форма на змија.
фото: ProfimediaЈа извитка косата во ситни локни кои ѝ стојат фантастично како и сите други фризури кои досега сме ги виделе на неа.
Браво мама!
Извор: stil.kurir.rs