Сè за првата полуфинална вечер на Евровизија 2022: Проблеми со сцената, водителите изгледаа беспрекорно, а кои земји се пласираа во финале?

фото:EPA

Од соседните земји, Албанија и Бугарија вчера не се пласираа во финалето на Евровизија, додека Грција се пласираше во првите 10 финалисти заедно со Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Украина, Молдавија и Холандија.

Ова ќе биде 66-ти избор за песна на Евровизија, кој очигледно ќе биде спектакуларен и во кој учествуваат 40 земји, меѓу кои и Ерменија и Црна Гора по неколкугодишна пауза.

Евровизија се одржува во 3 натпреварувачки вечери, т.е. во полуфиналето на 10 мај (кое се одржа вчеравечер) и 12 мај, додека финалето ќе се одржи на 14 мај.

Се појави проблем три дена пред првите проби

Пред неколку месеци на официјалниот сајт на Евровизија се појавија фотографии од салата во која ќе настапат учесниците. Имено, салата во Торино наречена Palasport Olimipico е изградена за потребите на Зимските олимписки игри во 2006 година, кои се одржаа во Италија. Од тогаш до сега оваа сала е еден од најрезервираните простори за различни спортски и музички активности.

Торино успеа да се избори за годинашен домаќин на ова престижно музичко натпреварување во конкуренција на уште 16 градови во Италија. Претходно домаќини на ова натпреварување беа Неапол и Рим. Последен пат Италијанците беа домаќини во 1991 година.

Сепак, непосредно пред натпреварот се покажа дека организаторите имале проблеми со сцената. Европската радиодифузна унија го објави своето прво соопштение за прашањата поврзани со сцената за Евровизија 2022 година, за која беше откриено дека не функционира добро само три дена пред првите проби.

Во интервју за Данска радиодифузија, Европската радиодифузна унија ги објасни проблемите што ја засегаат сцената за Изборот за песна на Евровизија во 2022 година.

За време на техничките тестови во Торино, продукцискиот тим доживеа предизвици за тоа колку време е потребно на „сонцето“ да се прилагоди на различни позиции во времето помеѓу различни изведби. Заедно со РАИ, станицата-домаќин, беше одлучено сонцето да остане во иста позиција во текот на сите 40 песни, со цел да се обезбеди фер натпревар за сите земји-учеснички.


Креативниот директор на данската претстава Бириг Нес-Шмит објасни дека сонцето има две страни. Едната страна има светла, другата е формирана од LED екрани, а сонцето моментално е поставено така што светлата се свртени кон публиката. Поради тоа, многу земји кои имаа намера да користат LED екрани на сонце мораа да ги прилагодат своите перформанси во последен момент, пренесува Курир.

За среќа вчера се беше во ред, a домаќините на Евровизија 2022 година, Алесандро Кателан, Лаура Паусини и Мика кои посакаа добравечер на публиката ширум светот, изгледаа беспрекорно добро.

фото:EPA

фото:profimedia

Државите кои се пртставија вчера:


Инаку годинашната претставничка на Македонија на Евровизија, Андреа, ќе се бори за финалето со Србија, Финска, Израел, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка, во четврток, 12-ти мај.

извор:GLOSSY/stil.kurir