Сакам повеќе деца: Александра Пријовиќ откри детали за проширување на семејството

Ја изненади прашањето

Огњен Несторовиќ беше домаќин на Александра Пријовиќ и Миодраг Радоњиќ во емисијата „Шок ток“. За време на емисијата, водителот ја изненади пејачката кога во програмата го вклучи нејзиниот кум Аца Пејовиќ. Пејачот имаше задача да и постави прашање на Александра на крајот од неговото телефонско вклучување во емисијата.

- Ќе прашам за кумашинче, дали иматево план да добијам уште едно? Да знам дали да се надевам и подготвувам - праша Ацо.

- Засега не планирам, Александар сè уште нема две години. Како што зборував и за првото дете, кога тоа ќе се случи, ќе се случи. Не треба ништо да се форсира и да се прави на сила. Би сакала да имам најмалку две деца, но не знам кога ќе биде тоа. Не планиравме ниту за првото дете - одговори Александра во емисијата „Шок ток“.


Фото: Инстаграм/aleksandra_official

Moжеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Штедеше пари за пластични операции: Александра Пријовиќ некогаш и денес