Сања Кужет прозборе за елитната проституција: Еве што мисли водителката за најстариот занает

- Досега не сум зборувалa за други луѓе, тоа не ми се допаѓа. Информирана сум, живеам во овој град и нормално е да се следи што се случува и само тоа ќе ви го кажам - изјави Сања.

Водителката на „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет проговори за актуелната тема – елитна проституција.

Имено, во последните неколку дена главна тема во медиумите во соседна Србија е елитната проституција, а многумина ги интересира кој се крие зад професијата, а од страна се занимава со најстариот занает.

- Досега не сум зборувала за други луѓе, тоа не ми се допаѓа. Информирана сум, живеам во овој град и нормално е да следам што се случува и само тоа ќе ви кажам - изјави Сања Кужет за Информер.

Да потсетиме, Сања Кужет ја започна својата кариера како модел, а пред 16 години се испроба и на филмското платно.

Имено, Сања ја глумеше девојката Сенка во филмот „Satan’s Warrior“ и немаше некој да не ја забележи.

Кариерата на Сања започнала случајно. Кога била помлада, освен што студирала на Географскиот факултет, работела и како модел, а потоа по наговор на нејзината тетка се појавила на аудиција за ТВ лица на телевизијата БК, каде што сѐ започнало.

Потоа се пресели во „Пинк“, каде работеше во информативни и забавни емисии, а остана запаметена како водителка на емисијата „ТВ Бинго“.