Сара конечно го откри својот став за кавгата со Ким Катрал: „Не беше пријатно, а само една личност ...“

Сара Џесика Паркер неодамна во подкастот „The Hollywood Reporter“, повторно се осврна на односите со колешката Ким Катрал, Саманта од серијата „Сексот и градот“, а нивната тивка кавга со години е една од главните теми во Холивуд.

Сара, на сите попозната како Кери Бредшо, објасни дека Ким наводно е виновна бидејќи третото продолжение на филмот „Сексот и градот“ никогаш не било снимено.

„Многу е тешко да се зборува за ситуацијата со Ким затоа што внимавав да не кажам ништо срамно, бидејќи така не сакам да зборувам на толку комплицирани теми. Снимањето на третиот филм не успеа поради нејзините барања. Не ни беше пријатно да се сретнеме каде што сакаше, па се откажавме од филмот затоа што не сакавме да го снимаме без неа“, изјави познатата 57-годишна жена.

„Секој актер има право да бара што сака и да добие договор од кој е задоволен. Никогаш не би се мешала во тоа бидејќи не зависи од мене. Дали бевме разочарани? Да бевме, но тоа се случува", додаде таа.

Паркер исто така истакна дека тоа е причината поради која е одлучено продолжението на серијата „ And Just Like That......“ да се снима без Катрал, иако многумина веруваат дека токму таа била клучот за успехот на ова достигнување.

„Не побаравме од Ким да биде дел од ова, бидејќи таа јасно стави до знаење дека тоа не е нешто што таа сака да го прави и не ни беше пријатно“.

„Постојано се споменува таа кавга меѓу нас. Никогаш не сум се скарала со никого со кого сум работела. Јавна кавга или расправија немаше, бидејќи јас не сакам така да комуницирам. Навистина би сакала да престане да се зборува за ова како расправија бидејќи зборуваше само една личност“, заклучила актерката.


Фото: Профимедиа