Се надевам дека мојата мајка сега е ослободена од болките: Се огласи и синот на актерката која вчера ја исклучија од апарати

Синот на актерка Ен Хече, која вчера официјално беше прогласена за мртва откако 6 дена помина во кома по сообраќајната несреќа, се огласи со овие зборови...

Хомер Лафон, постариот син на Ен Хече, која сега има 20 години, се огласи откако официјално беше соопштено дека актерката Ен Хече почина:

„Мојот брат Атлас и јас ја изгубивме мама. По шест дена скоро неверојатни емоционални промени, останавме со длабока тага без зборови. Се надевам дека мојата мајка ќе биде ослободена од болки и дека почнува да го истражува она што сакам да го замислам како нејзина вечна слобода. Во текот на тие шест дена илјадници пријатели, членови на семејството и обожаватели ми дадоа до знаење дека се со мене. Благодарен сум и на нивната љубов, како и на поддршката на мојот татко, Колман и мојата маќеа Алекси кои и понатаму се мојата потпора во овие моменти. Почивај во мир мамо, те сакам“ - кажа Хомер, а пренесува „Daily Mail“.

Семејството на актерката соопшти: „Денес ја изгубивме најсјајната светлина, љубезна и најрадосна душа, љубезна мајка и лојален пријател. Ен многу ќе ни недостасува, но таа живее низ преубавите соништа, својата култна работа и своето страствено заложување. Нејзината храброст е во вистината, шири порака за љубов и прифаќање и ќе продолжи да има трајно влијаение“.

Инаку, Ен минатиот петок удрила со автомобилот во гражата во приватната куќа во Калифорнија. Во таа несреќа и пожарот кој избил се здобила со тешки повреди. Пред неколку дена падна во кома, а вчера нејзиното семејство соопшти дека доживеала мозочна смрт. Прогласена е за мртва согласно калифорнискиот закон.

Актерката, првородениот син Хомер го доби со камерманот Колеман Лафон со кој беше во брак од 2001 до 2007 година, а момчето се роди во 2002.

По разводот започна врска со актерот Џејмс Тапер и во 2009 година го добија синот Атлас, а во 2018 година ставија крај на романсата.

View this post on Instagram

A post shared by Anne Heche (@anneheche)


фото: Принтскрин / Инстаграм