Taа е најбогатата Србинка: Се омажи за основачот на Гугл, а сите го носат нејзиниот накит - од Меган Маркл до Карлеуша

За некои жени навистина може да се каже дека живеат бајка. Можеби така можеме да го опишеме животот на Ивана Берендика, која стана една од најбогатите Србинки откако стапи во брак со основачот на „Гугл“, Томас Јермолук.

Поранешниот модел, ужива во хармоничен брак, а покрај своите две деца, таа ѝ се посвети на сопствената кариера - дизајнот на накит.

Ивана Берендика е родена во Белград, Србија на 5 април 1978 година, а во 1995 година беше втора придружничка на изборот за „Мис на Југославија“. Се верува дека Ивана Берендика била дел од најуспешната постава на групата „Моделс“, основана во 1996 година, каде пеела заедно со Сандра Николиќ (денес Мелниченко), а исто така и со Ивана Стаменковиќ Синди и Мими Карановиќ. 


Иако групата „Моделс“ беше исклучително популарна во деведесеттите години, Ивана одлучи дека сака да ја продолжи кариерата и образованието во странство, па затоа го напушти споменатиот бенд во 1999 година.

Заинтересирана за архитектура и дизајн, манекенката ги запишала и завршила студиите на оваа област на престижниот универзитет за дизајн во Њујорк, а потоа го запознала Томас Јермолук со кого се омажила во 2005 година и кој е дваесет години постар од неа.

Иако со години честопати беа прашувани за родителство, парот не брзаше, но приоритет, како што велат, беше да патуваат и да уживаат во животот. Сепак, во 2016 година, Ивана роди близнаци, девојче и момче, на кои им дадоа необични имиња - Зои Меј и Каи Никола.

Ивана денес живее во Мајами, а во бројни интервјуа откри дека ѝ се допаѓа тоа што Томас е супериорен во однос на неа.

- Јас не бев од оние девојки што сонуваа принц на бел коњ. Ми се чини дека отсекогаш сум била порационална од другите, па се случи да го добијам она за што не ни помислував. Томас е на некој начин супериорен во однос на мене во сè, што е многу пријатно за мојот балкански менталитет. Јас имав малку повеќе среќа од другите - вели Ивана.


- До мене е човек со слободен дух, авантурист. Томас сака егзотични патувања и екстремни спортови. Тој е отворен и сака да проба сè, и тоа нè спои. Двајцата сме љбопитни, сакаме да откриваме нови земји и култури. Го запознав кога имав дваесет и пет години и тогаш имав поминато многу повеќе работи во животот од моите врсници. Тој беше сè што ми требаше во тоа време. Токму неговата возраст, знаење, мудрост и харизма ме натераа вистински да се заљубам - откри еднаш г-ѓа Јермолук за српските медиуми.

Покрај тоа што е посветена мајка, Ивана веќе долго време дизајнира накит, а нејзините модели ги носеа светски sвезди како Меган Маркл, Кајли Џенер, Ријана, Ники Минаж, Алиша Кис, Миранда Кер, Гал Гадот и многумина други.

Масивниот накит, кој е претежно златен по боја, е дел од колекцијата на Берендика. Ова се едноставни модели кои лесно се вклопуваат во облеката и изгледаат многу ефикасно.

Ивана дизајнира ѓердани, нараквици, обетки и прстени. Промовирањето на истите не ѝ е туѓо, имајќи предвид дека и самата беше модел додека беше член на танцовата група „Моделс“.

Покрај тоа што многу sвезди го носат нејзиниот накит, може да се види и во многу престижни модни списанија. Ивана ги објавува своите дела на Инстаграм, каде им претставува нови колекции на следбениците и обожавателите.

Ниту регионалните sвезди не останаа рамнодушни на накитот на Ивана. Јелена Карлеуша, Ана Ивановиќ и Марија Килибарда исто така сакаат да носат и носат накит со потпис на Ивана Берендика.

извор:wanted.mondo.rs