Се вери Благој Бочварски: Која е избраничката на министерот ?

Се вери министерот Благој Бочварски. Тој ја побарал раката на неговата девојка Маринела Серафимова.

Актуелниот министер за транспорт и врски скоро една година е во врска со 24 годишната Маринела која е од Штип. Информацијата ја пренесе порталот ММС а Бочварски ја потврдил среќната вест.

-Да, се случи вчера вечерта. Со Маринела сме заедно околу една година и требаше ова да се случи. Нема посебен датум за да го направам ова, така одлучив. Претходно бевме на вечера во ресторан и малку разговаравме на оваа тема, но не открив пред неа детали што ќе се случува подоцна. Раката и ја побарав кога се вративме дома. Немаше посебни романтики, не клекнав кога ја запросив, едноставно додека разговаравме се случи моментот, го покажав прстенот. Не сметавме дека треба да има апарати и камери, туку само ние двајца да си дадеме збор, затоа и немаме слики. Беше навистина убав момент и чекор и за двајцата. Бевме заедно на одмор, но, сепак, се одлучив да ја запросам тука дома. Искрено јас и Маринела извесно време правиме муабет за нашата иднина. Затоа таа и очекуваше, но не знаеше кога и беше изненадена. Односно, како што ми рече, очекувала на есен или понатаму, рекол тој за ММС.

Деталите читајте ги на ММС овде.