Се шпекулира дека неколку месеци се во врска: Анџелина Џоли повторно „уловена“ со 15 години помладата суперsвезда (ФОТО)

фото:Profimedia

После два месеца папараците повторно успеаја да ги фатат заедно Анџелина Џоли и Д Викнд, и тоа како одат во неговата куќа!

Озборувањата што започнаа во јули повторно се актуелни!

Летово, актерката Анџелина Џоли (46) беше видена во Лос Анџелес на вечера со канадскиот пејач Абел Тесфај, попознат како The Weeknd (31).

Двајцата поминаа неколку часа во познатиот ресторан „Џорџо Балди“, а потоа го напуштија одделно. Неколку дена подоцна повторно беа фатени на истото место: беа на ист концерт, и додека Абел беше фотографиран со друштвото, Анџелина беше со нејзините ќерки Захара и Шило.

Двајцата повторно беа фотографирани неколку месеци подоцна, кога го напуштаа ресторанот. Актерката и пејачот уживаа неколку часа во италијански ресторан во Санта Моника, а дојдоа придружувани од телохранители и обезбедување.

Што е уште поинтересно, тие подоцна отидоа во неговата луксузна вила на Бел Ер. Папараците успеаја да ги „уловат“ во ист кадар, а се шпекулира дека ова дефинитивно е нешто повеќе од пријателство меѓу нив.

Д Викнд, инаку, го изрази своето воодушевување од Анџелина порано, бидејќи во песната Party Monster од 2016 година, тој ја опишува убавината на девојката од песната, нагласувајќи дека има усни како Анџелина Џоли.

извор:GLOSSY


Милиони фанови во шок: Анџелина Џоли и 15 години помладиот пејач Д Викнд „уловени“ на тајна вечера (ФОТО)