Милиони фанови во шок: Анџелина Џоли и 15 години помладиот пејач Д Викнд „уловени“ на тајна вечера (ФОТО)

фото:profimedia

Американската актерка Анџелина Џоли (46) и пејачот The Weeknd (31) беа фотографирани додека излегуваа од ресторан во Лос Анџелес во кој беа заедно, и сите се прашуваат која е причината за нивната средба.

Имено, Оскаровката во средата навечер стана мета на гласини дека меѓу неа и 15-години помладиот музичар се случува нешто повеќе од обично познанство.

Тие поминаа часови заедно во италијанскиот ресторан „Џорџо Балди“, и оттаму излегоа одделно, за да не ги фотографираат заедно.

46-годишната холивудска sвезда носеше црн фустан од свила и беж капут, додека пејачот беше во тексас фармерки, јакна и чизми, а фотографиите можете да ги погледнете ОВДЕ

Иако обожавателите зујат дека се состанале на романтична вечера, многумина тврдат дека се сретнале за деловни активности затоа што пејачот сака кариерата да ја продолжи во Холивуд.

- Очигледно, тие не се обидуваат да ја сокријат заедничката вечера - изјави извор близок на пејачката.

- Тој е дефинитивно фокусиран на преселба во филмската индустрија. Тој снима нова серија на HBO во која глуми - додаде изворот, но многумина веруваат дека станува збор само за „вадење“ од ситуацијата и за одвлекување на вниманието од нивната лична врска.

Неодамна пак актерката беше фотографирана додека влегува во зградата на нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер

извор:telegraf.rs / pagesix.com