Анџелина Џоли „уловена“ како влегува во зградата на поранешниот сопруг: Дали уште една обновена романса ќе го разниша Холивуд? (ФОТО)

фото: pagesix / DIGGZY / JESAL / SplashNews.com

Американската актерка помина три часа во домот на нејзиниот поранешен сопруг.

 Анџелина Џоли (46) беше фотографирана во петокот вечерта додека влегуваше во зградата на нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер, која инаку се наоѓа во Бруклин.

фото:GETTY Images

Откако Бред Пит неодамна го доби заедничкото старателство над нивните шест деца по долга судска битка, холивудската актерка беше снимена од папараците како влегува во зградата на Џони облечена во долг беж мантил. Во раката носеше торба Луј Витон и скапо шише вино, пишува PageSix.com.

фото: pagesix / DIGGZY / JESAL / SplashNews.com

Таа пристигна во домот на својот поранешен сопруг сосема сама, без телохранител и остана околу три часа, известуваат американските медиуми.

Следното утро, британскиот актер беше фотографиран како трча на дожд во близина на неговиот стан.

Анџелина пристигна во Њујорк на 7 јуни поради прослава на роденденот. Претходно беше сликана во истиот капут на аеродромот со децата. 

фото:profimedia

Да потсетиме, Анџелина Џоли и Џони Ли Милер се запознаа во 1995 година за време на снимањето на филмот „Хакери“, во кој и двајцата играа.

Тие се венчаа по само шест месеци врска. Венчавката била приватна, а Анџелина тогаш имала само 20 години. Наместо венчаница, таа беше облечена во кожни панталони и маица на која го напиша неговото име со крв. Сепак, бракот траеше кратко. Тие се разведоа во 1999 година и, наводно, останале добри пријатели.

извор:stil.kurir.rs