Изострено перо // Поезија
Ексклузивно: На 7-ми мај, Ана Бунтеска и Марко Виденовиќ ќе ја промовираат својата прва задничка книга - поезија „(Љ)убост“
Ексклузивно - Женски магазин ви ја најавува заедничката книга – поезија на поетесата Ана Бунтеска и поетот Марко Виденовиќ. Промоцијата ќе се случи на 7- ми мај каде љубителите на поезијата ќе можат да уживаат во страниците на „(Љ)убост“.
Ана Бунтеска
Си замислив љубов
Без приказни и бајки
Без зашеќерени стихови
Без мечти и копнежи
Само небо сиво
И птици кои се без пој
Облаци полни дожд
И црвено-жолти лисја
Есента доаѓа во нашите срца
А јас …
Јас само си замислив љубов
ЉУБОВ
Од мислата твоја,
небото веќе не е сиво
Копнеж се роди среде дождлив ден
Сокриени птици,
низ црвено-жолти лисја
срамежливо пеат есенска песна,
а секој стих се прпелка во сладост
Секој ден е нова приказна, нова бајка.
Си замисли љубов, и ете,
веќе сè е љубов.
Марко Виденовиќ