Животна училница // Приказни
Добијте маслинесто зелена боја на велигденските јајца: Ви треба само куркума и чај од хибискус (ВИДЕО)
- 25 Април, 2024
Социјалните мрежи се преплавени кога станува збор за идеи и декорации.
Оттука во пресрет на Велигденските празници и вапцувањето јајца, ви даваме една досега поразлична идеја .
Имено, за да добиете маслинесто зелена боја на велигденските јајца, ви треба куркума и чај од хибискус.
Подготовка:
- Измиените јајца ставете ги во студена засолена вода.
- Додајте лажичка куркума (не претерувајте)
- Додајте 5 кесички чај од хибискус
-Гответе 20 минути па оставете ги да отстојат барем 2 часа.
Колку подолго стојат во тенџерето, бојата ќе биде поинтензивна.
Погледнете подетално во видето:
ФОТО: Printscreen