Анџелина Џоли го прослави 46-от роденден во магичен жолт фустан, а со години носеше само црно (ФОТО)
Иако најчесто носи исклучиво црна и сива облека, холивудската актерка реши да направи значителна промена во својот стил за роденденот.
Филмската sвезда Анџелина Џоли викендов го прослави својот 46-ти роденден, во друштво на своите деца.
Вечерала во популарниот азиски ресторан „Тао“ во друштво на Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (15) и близнаците Вивиен и Нокс (12), и додека нејзините деца беа полежерно облечени , Анџелина одлучила да биде поелегантна!
Џоли избра модел со средна должина во кој изгледа - како и обично - волшебно. Таа се одлучи за фустан со долги ракави, се сече веднаш под градите, од каде што паѓа во форма на крој А, а го красат слоеви благодарение на што е многу лелеав и женствен. На тој начин, ја издолжува фигурата, а бројните слоеви на тул постигнуваат облините да бидат суптилно нагласени.
За актерката, медиумите пишуваа со денови, бидејќи судот пресуди нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит и таа го делат старателството над децата и се уште се главна тема во јавноста.
извор:GLOSSY
фотографии:profimedia