Мажот ми ја дава неговата плата, но јас нему џепарлак: Приказна за една невработена и среќна жена

Добивај вести на Viber

Џилиса Џејн од британскиот град Корнвел работела како чистачка, а потоа, откако ја родила ќерката дала отказ, и сега семејството го издржува сопругот Рајан. 

Но, сопругот нема никаква контрола над финансиите.Таа одлучува за трошоците во домаќинството, а на мажот му дава џепарлак. Додека работела, само таа заработувала околу 11.500 евра годишно, а сега целото семејство живее од платата на сопругот, која е 29,000 евра годишно. Толку заработува Рајан, кој работи како градежник. Џилиса за „Дејли мејл“ раскажала дека нејзиниот сопруг е задоволен од ваквиот договор- таа да се грижи за финансиите, а тој да добива џепарлак, но други се тие кои ја осудуваат.

„Работата е во тоа што се љубоморни. Што всушност значи да бидеш издржувана жена? Рајан е среќен што може сѐ да ни обезбеди. За него, тоа е гордост. На крајот, ако можете да имате сѐ што ќе посакате, зошто да работите?“

Џилиса се грижи за ќерката и за финансиите во домот и среќна е што не работи 

На новинарите им се поверила дека пријателите ја гледаат поинаку откако не работи , и ѝ се лутат кога им се јавува во текот на работното време. „Некои мислат дека сум мрзлива, но работата е во тоа што тие би сакале да се на мое место. И додека работев, имав навистина мала плата, тогаш тоа ни беше џепарлак“, додава Џилиса. 

„ Кога Рајан ме праша дали може да си купи мотор, му реков: Јас ќе ги плаќам сите трошоци, се грижам за детето и за куќата. Па, ако останат пари, ќе има и за мотор“, заклучи Џилиса.