Милица Џаровска за својот татко Џаро: До последно се бореше

Добивај вести на Viber

Организатор на над 5.000 концерти, промотор на безброј пејачи и фудбалери на кои им помогна да го достигнат врвот во кариерата, бестрашен прекршувач на законот со 135 лажирани натпревари. Секогаш во центарот на вниманието поради различни згоди и скандали. Велибор Џаровски- Џаро, кој почина утрово., остана крал на југословенската естрадна и спортска сцена дури и по нејзиното распаѓање. Беше менаџер во времето кога менаџерството беше непризната професија.

-Почина дома, со најмилите. До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше по мозочниот удар на 24 март и две недели поминати во болница. Им благодариме на сите за пораките, да сте живи и здрави. Цела поранешна Југославија ќе има по што да го памети. Еден беше Џаро, за нас најуникатниот татко, сопруг, а најмногу дедо – вели неговата ќерка Милица Џаровска.

Лани таа ја изаде книгата „Живот на коцка“ посветена на животот на својот татко. За него напиша: Животот на Велибор Џаровски-Џаро беше патување, песна, игра и љубов. Но, играта што ја играше не беше секогаш лесна. Бурниот и немирен темперамент, остриот ум и специфичниот карактер постојано го соочува со најразлични перипетии.

С.А.Н