Се зборува дека Јелена сакала да го остави Новак дури три пати: Еве кој го спасил бракот на Ѓоковиќ

Јелена сепак го послушала советот и останала покрај Новак по големите кризи кои ги имале...

Новак и Јелена Ѓоковиќ се во брак нешто повеќе од 7 години, а за предизвиците кои ги носи бракот со познатата тенисерска ѕвезда Јелена зборуваше во емисијата „Ко сам теби, шта сам себи“.

Јелена, помеѓу останатото зборуваше дека долго време ѝ требало да се прилагоди и да сфати дека живее со „исторска личност“ и да се пронајде себе во тој брак.

Според пишувањата на медиумите, Јелена го оставала Новак дури три пати, односно помислувала на тоа, а во пребродувањето на кризата во бракот им помогнала ни помалку ни повеќе, туку мудроста на Дијана, мајката на Новак.

„Јелена никогаш не помислуваше да замине засекогаш, но имаше фази кога повеќе не можеше да се носи со падовите и периодите кога Новак се повлекуваше во себе, и не можеше да пронајде излез“ - започнува изворот за „Скандал“ и додаде:

„Покрај куќата, децата, брачните обврски, водењето на фондацијата, работата, јавноста, над глава ги имаше и подемите и падовите на Новак, но и повредата на лактот, а тогаш им беше најтешко. Во тоа време имаше низа порази и многумина го критикуваа. Новак се повлекуваше во себе, не знаеше како да се избори со притисокот на јавноста. Јеена се обидуваше да го подигне на разни начини, зборуваше со него со денови и ноќи, барајќи начин да го врати на патот на успехот, но тој тогаш немаше сила. Тоа ја погоди, па за да го тргне од тоа, почна да му зборува дека ќе замине и дека нема да се врати додека повторно не стане стариот Ноле“.

Изворот исто така откри кој помогнал во тоа бракот на Новак и Јелена да опстане и покрај сите проблеми.

„Дијана го почувствува тоа на време, па беше клучна во решавањето на проблемите. Многу и помагаше на Јелена околу децата и другите обврски, но и секојдневно ја бодреше. Низ солзи ѝ повторуваше: „Ајде, не паѓај, мораш да издржиш, на крајот сѐ останува на нас жените. Само биди покрај сопругот и ќе биде сѐ во ред. Жената е столбот на семејството, ако таа падне, паѓа сѐ. Замисли ни што сѐ морав да поминувам додека уште бевме подстанари и морав да се занимавам со сопругот и децата и да се борам за да преживееме, окупирај се со тоа да го одржиш семејството на куп и сите заедно да ги поминете овие тешки моментите“.“ 

За среќа, Јелена ги послушала советите на Дијана, а подоцна и самиот Новак во еден документарец истакна дека само Јелена го спасила и го натерала да стане и да се насочи кон природата, мудрите мисли и верата. Јелена успеала да го промени начинот на размислување на Новак, да го зајакне психички, и сега се заедно, откако успеале да надминат сѐ и да станат посилни од било кога.