Се здебелив од кроасани! Констракта пред настапот на Евровизија-„Аплаудираме, миеме раце, а јас морам да ги скратам шишките“

Дека имало промени во настапот поради технички проблеми откри и пејачката Ана Ѓуриќ Констрактa

Српската претставничка на Евровизија, Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, утре ќе настапи во Торино каде ќе се претстави со својата песна „In Corpore Sano“.

Сега ги откри впечатоците, но и што треба да направи пред да излезе на сцената во втората полуфинална вечер.

View this post on Instagram

A post shared by konstrakta (@konstrakta.djuric)



„Се е како што се очекуваше. Многу интервјуа, настапи, на пример во евровизиското село... Фокусирани сме за полуфинале, прво , тоа е првиот чекор што би сакале да го направиме. Се испостави дека имаме голема поддршка од регионот. Тие го почитуваат тоа што го направивме. Тие го препознаа настапот како нешто поинакво. Привлековме внимание“, рече Констракта додавајќи:

„И во Израел кога бев и овде во Италија гледам луѓе како го повторуваат рефренот, знаат: „Бити здрава, бити здрава“... Запознав вистински евровизиски фанови, сите ја препознаваат песната, настапот. Ние како Екипата само се гушнеме пред настап и  дадеме се од себе. Нема да има англиски превод, ни беше дадена можност да го направиме тоа , но на неколку места нема буквален превдо. На одредени места не е буквален превод, туку дозволив да има нешто што подобро ќе ја објасни песната“.

Констракта објасни и дека таа и нејзиниот тим морале да го прилагодат настапот бидејќи „сонцето не работи на сцената“:

-Денес излегуваме во арената, ќе има генерална проба, а ден потоа настап за жирито, тука ќе видиме како ќе изгледа се. Прво пееме на латински, .. ослабев, но сега јадеме многу кроасани овде, па мојата тежина е во пораст“, ​​рече Ана, осврнувајќи се на семејството, но и на пофалните зборови на Кончита Вурст.

„Ми недостигаат семејството, сопругот, децата, нон-стоп разговараме. Ајде да направиме се овде како што треба уште малку, па потоа ќе се вратиме на старо. Комуникацијата со децата и сопругот ми е полесна, сега имаме многу мрежи, интернет. ..Слушнав за Кончита и нејзините убави зборови, го ценам тоа. Има искуство...Сепак не размислувам подалеку од полуфинале. Само сакам да видам дали ќе стигнеме до финале.Ви благодарам на сите за се поддршката! Морам да ги исечам шишките денес!“


ФОТО: YOUTUBE/SCREENSHOT/EUROVISION NATIONAL FINALS