Седум работи без кои дизајнерката Јована Филиповиќ не излегува од дома

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ РАБОТИ ВО ТОРБАТА НА ЈОВАНА ФИЛИПОВИЌ

На многумина омилената домашна дизајнерка Јована Филиповиќ неодамна претстави мини колекција еко торби и маици изработени за „ХалкЕко“ платформата на Халкбанк. Трите торби доаѓаат во камел, црна и бела боја, изработени се од 100% еко материјали и имаат лежерни, но модерни дизајни наменети и за вршење секојдневни обврски низ град, но и за викенди поминати во природа.

Торбите и маичките од колаборацијата се наменети за корисниците на „ХалкЕко“ мобилната апликација, но може да се добијат и со учество во наградниот предизвик споделен на Инстаграм профилот на „ХалкЕко“ кој трае до среда, 27 јули. 

Инспирирани од првите модни додатоци со потписот на Јована, зборувавме со неа за тоа која од торбите од колаборацијата најмногу ѝ се наоѓа периодов, но и за задолжителните предмети без кои не може да си го замисли функционирањето и завршувањето на секојдневните обврски. 

„Овие денови најмногу ми се наоѓа Basic торбата од HalkEco x Jovana Filipovic колаборацијата, бидејќи е доволно голема за секодневно пазарење, а воедно ги собира сите мои потребни ситници“, вели Јована. 

Ова се седумте работи без кои Јована не излегува од дома:

1. Клучеви

Скоро секој ден по три пати проверувам дали сум ги земала клучевите со мене, затоа што безброј пати ми се случило да останам пред врата и дома и на работа.

 2. Паричник

Откако ми кажаа дека црвениот паричник привлекува добра енергија насекаде се движам со него. Во него, задолжително место има и Mastercard World Contactless картичката која е мој доживотен сопатник на сите патувања. Многу ми се допаѓа тоа што со неа имам вип третман и бесплатен пристап за мене и мојата придружба до Lounge Key на повеќе од 800 аеродроми низ светот и други кул поволности како бонус поени и плаќање на рати без камата, што особено ми врши работа кога сакам да се почестам со некое модно парче. 

3. Метро за мерење

Мислам дека е повеќе од јасно зошто го носам со мене (се смее).

4. Тетратки и молив

Не можам да функционирам без тетратка и молив, прво затоа што таму ми се сите информации, состаноци и планови за работните денови, а второ затоа што креативните мисли и идеи што ги добивам во текот на денот најмногу сакам да ги документирам на хартија.

5. Наочари за сонце

Мојот најдобар непријател против сонцето, посебно рано наутро кога сè уште не сум расонета. 

6. Парфем

Сакам да купувам и ми стојат парфеми со чудни ноти. Секогаш кога ќе си земам некој нов парфем, го носам со себе за да го ставам неколку пати во денот и да се уверам дека сум го направила вистинскиот избор.

7. Апче за глава

Секогаш имам апче за глава со мене, бидејќи не можам да функционирам кога имам главоболка.


ПР објава