Секој ден е нова можност да промените нешто: Утринско кафе со Нада Петроска

Ги обожавам утрата особено оние сончевите, самиот почеток на денот ми е омилениот дел!  Здравите навики се  моето секојдневие, па затоа сакам да започнам  со смути или природен сок и да уживам во свеж воздух  и погледот од мојата тераса. Веднаш потоа следуваат подготовките за на работа и таму заедно со моите драги колешки го пијам првото утринско кафе. Одличен почеток нели?

Ме мотивираат успешни и доброорганизирани, а пред се позитивни и насмеани луѓе кои несебично вложуваат во себе и во својата иднина. Со такво окружување, инспирацијата за да станам уште подобра и поуспешна е неминовна!

По кафето со колегите,  почнувам со моите обврски кои главно се состојат од административни работи, секојдневна комуникација со клиенти и одржување состаноци за склучување на полиси и  уште поважно - подигање на свеста кај луѓето преку запознавање со некој од одличните продукти од големата палета на осигурување кои ги  имаме ние како брокерско друштво.

По завршетокот на работниот ден,  следува оној поопуштениот дел кој го поминувам уживајќи со моите пријатели, прошетки на свеж водух, разговори со моите внучиња кои ме полнат со исклучително позитивна енергија без конкуренција. 


Голем обожавател сум на вкусна вечера зачинета со добро вино со мојот сакан, а како прифатлива замена е и некое добро филмче во домашна атмосфера.

Би сакала на сите да им посакам дека - Секој ден е нова можност да промените нешто, затоа луѓе имајте само  позитивни и убави мисли и уживајте во животот! Живели! 

(* Нада Петроска - Агент за продажба, СН Осигурителен Брокер АД Битола)