Шарлиз Терон фотографирана во целосно природно издание: Еве што останува од лицето на светската убавица кога од него ќе се извади целата шминка

Доколку се прашувате каде е актерката Шарлиз Терон во моментов, одговорот е во Рим. А ако ве мачи прашањето како изгледа светската убавица без шминка, ќе ви го покажеме и тоа.

Оскаровката Шарлиз Терон била забележана со мајка си и децата во ресторан во Рим. Актерката не се гледа многу често во вакви ситуации, а фотографите дадоа се од себе за да уловат што повеќе моменти.


foto: Roma/MEGA/The Mega AgencyFoto:Profimedia


Шарлиз се фотографираше така без трошка шминка на лицето, па еве можност да ја видите во сосема природно издание.

Актерката неодамна ја промени бојата на косата во црна, што имајќи предвид дека со години беше русокоса беше големо изненадување за јавноста, а особено за нејзините обожаватели.

Секако, ни се допаѓа и по оваа трансформација, а веруваме и во природната варијанта. На крајот на краиштата, таа никогаш не форсирала вештачки изглед, а промената на бојата на косата за неа е мала трансформација, со оглед на оние низ кои поминала поради различните улоги.

Фото: screenshot Instagram

Најубавата жена во Холивуд драстично го промени имиџот: Сега е црнокоса, а ја покажа и моќта на белата кошула и добрите фармерки