Најубавата жена во Холивуд драстично го промени имиџот: Сега е црнокоса, а ја покажа и моќта на белата кошула и добрите фармерки
Шарлиз Терон со години важи за една од најубавите жени во Холивуд, а оваа заносна дама е позната како вечна русокоса, а бојата на косата ретко ја менувала дури и за улоги. Но, таа неодамна реши да направи драстична промена!
Холивудската актерка синоќа се појави на настан во Лос Анџелес посветен на нејзината добротворна организација во едноставно, минимално издание за кое доби комплименти од љубителите на модата.
Шарлиз ја покажа моќта на белата кошула и добрите фармерки, и колку се безвременски и практични овие парчиња, како и колку добро можат да изгледаат дури и во некои поформални, свечени прилики.
Но, она што всушност привлече внимание е смелата промена на имиџот на убавата 46-годишна актерка!
Имено, Шарлиз има нова фризура и од русокоса премина во црнокоса.
Оскаровката ја прифати оваа храбра промена, а црната боја одлично ѝ прилега.
извор:zenablic
фото;profimedia