ШОПИНГОТ ВО СОЛУН МОЖЕ И ДА НЕ Е ТОЛКУ ЗАБАВЕН - задолжително симнете го Европскиот дигитален ковид сертификат, за децата се бараат брзи тестови

Многу од граѓаните од земјава кои вчера заминаа за Солун, на шопинг, прошетка покрај море или едноставно ручек или кафе во некој од своите омилени ресторани, на стартот на ова викенд уживање имаа и непријатно искуство.

Имено, во сите омилени продавници во кои поитаа да се подноват со по некое модно парче, наидоа на љубезни, но и непопустливи вработени, „наоружани“ со таблети и мобилни телефони, кои им го побараа нивниот ковид сертификат.

Но, маките не завршуваа тука. Дел од Македонците кои не го симнале Дигиталниот европски ковид сертификат, не можеа да влезат буквално во ниту еден дуќан. Нашите ковид сертификати кои ги имаме испечатени во хартиена форма или на мобилните телефони, грчките читачи едноставно не ги препознаваат.

Вработените во моловите и продавниците за облека велат дека без Дигитален европски ковид сертификат не смеат да ве пуштат, бидејќи ќе дојде полиција, по што би биле принудени да платат високи казни.

Деталите читајте ги на Фактор тука.