Што се случува со Џенифер Лопез и Бен Афлек: Повторно вљубените долго време не се видени заедно

Џенифер Лопез и Бен Афлек се најозборуваниот пар ова лето, а потоа замолкнаа со доаѓањето на есента. Веќе почнавме да се прашуваме: што се случува со познатиот пар?

Каде се Џенифер и Бен?

Имено, актерите се свртеа кон работата. Снимаат на различни локации, па веќе немаат толку време за јавноста и редовните средби. Сепак, тие наоѓаат време за време на викендите да се сретнат на исто место.

Џенифер Лопез го снима претстојниот трилер „Mother“ во Ванкувер, а Афлек работи на филмот на Роберт Родригез, „Hypnotic“ во Остин. Тоа го потврдуваат и неодамнешните снимки на Џенифер од сетот.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)



- И двајцата снимаат во текот на неделата на нивната локација, но се среќаваат секогаш кога е можно - вели извор за каналот Е.

Многумина се запрашаа дали парот веќе не е во добри односи, но всушност е вистина дека тие се фокусирани на проектите на кои работат. Наскоро доаѓаат и празниците кои парот ќе ги помине со децата.


ФОТО: ИНСТАГРАМ