Што значат новогодишните бои: Секоја има своја симболика, а еве го мотивот што се крие зад златната

Се ближат новогодишните и божиќните празници, многумина веќе ги украсија домовите и се препуштија на празничната еуфорија, но малкумина знаат штои значат боите на новогодишната елка и украсите.

Во денешно време при украсувањето често се следат различни трендови, модерни дизајнерски решенија, па на елката се става се‘, од цвеќиња, пердуви, ангели и птици. Во исто време, често се заборава вистинското значење на празниците кои се пред нас, како и симболиката на боите.


Бои - симболи на Божиќ и Нова Година

Пред да влезе христијанството на историската сцена, луѓето се обидувале да го надминат стравот од зимата преку разни фестивали и да помогнат во новиот циклус на раѓање и будење на природата, пишува amarilisonline. Бојата која најмногу недостасуваше во тој период од годината беше:

Зелена - симбол на животот 

Зелената боја како симбол на животот е секогаш првиот симбол и на божиќните и на новогодишните украси. Со изборот на елката и нејзината темнозелена боја, се трудиме да ги разбиеме белината и сивилото што не опкружуваат.

Црвена - силен симбол  

Црвената боја е и симбол на јаболкото, кое Ева го избра од забранетото дрво. Црвената е и бојата на крвта, крвта Христова, која е пролеана за спасение на човечкиот род. Значи, црвената боја е силен симбол на новото раѓање, самото раѓање на Христос и Новата година. Но и црвената боја е симбол на здравјето и како таква често се среќава на нашите елки, без разлика дали е плод на дренка, која треба да донесе здравје (здраво како дренка).И црвеното вино, со кое се полева Бадник. Затоа, елките со црвени украси се најпопуларни.

Златна - моќен симбол 

Златната боја, пред сè, нè асоцира на Сонцето и неговиот сјај. „Sol invictus“, непобедливото сонце е празник, кој се празнувал на ист ден во антички Рим, пред доаѓањето на христијанството. Тоа е и бојата на пламенот, на огнот.

Како новогодишна декорација, златната боја е многу важна. Рефлексиите на златна боја, кои треперат во новогодишното осветлување, се поврзуваат со треперењето на сончевите зраци, кои се борат да го надминат зимскиот мрак и студ и да создадат нов животен циклус.

Златната боја е симбол и на Витлеемската ѕвезда, која за мудреците од исток беше знак на раѓањето на Исус Христос. Со ставање на сијалички на новогодишни елки во нашата традиција, сјајот и топлината на сончевите зраци се внесуваат во домот.

Сребрена - бојата на ѕвездите 

Сребрената боја се поврзува со треперењето на ѕвездите на студеното зимско небо. Оваа боја делува поладна од златната. Застапена е повеќе во континентална Европа, особено во Германија.

Бела - бојата на зимата 

Белата е бојата на зимата. Не потсетува на околностите во кои ги славиме овие празници и се користи како контраст на боите на животот и повторното раѓање.

Сина 

Во средниот век, како многу скапоцена боја, таа стана симбол на Богородица. Се користеше главно за сликање и претставување на нејзината облека.


Фото: фреепик

Најголемите трендови за китење на елка оваа година: Како да ја украсите модерно