Што значи ако сонувате дете?

Сонувањето дете може да има различни значења, а деца подеднакво често сонуваат и оние кои имаат деца и кои немаат. Симболиките на детето во сон се обично позитивни, но во некои случаи може да бидат негативен знак.

Женско дете, ако сонувачот е жена, ја симболизира потребата за чување на детето во ебе, или дел од личноста на жената, кој не сака да порасне. Ако маж е сонувач, сонот е потиснатата, женска и помека страна на човекот.

Машко дете, жена сонувач- машката страна на жените. Ако маж е сонувач, сонот претставува детски особини, а понекогаш може да биде и опомена дека мажот мора конечно да порасне.

Многу мало дете ја претставува вашата беспомошност. Се плашите да ја покажете својата слабост кон другите и тоа често ве мачи.

Да се ​​биде дете симболизира потреба за љубов и заштита, а во некои случаи може да симболизира незрелост, или да ви даде порака дека вие или некој во вашата околина, се уште е незрел.

Држење дете претставува период кога другите ќе зависат од вас. Наскоро ќе бидете под голем притисок и одговорност, но вие успешно ќе го завршите тоа. Може да се однесува на одговорност на работа или на родителство.

Да пронајдете дете значи дека сте конечно сте ги откриле и прифатиле своите таленти кои долго време биле потиснати. Конечно, вие ги гледате вашите предности пред другите, и не се срамите да ги покажете. 

Да заборавите дете носи негативно значење. Предупредување за чувства на тага и вина со кои ќе се соочите наскоро. Сонот би требало да ве охрабри да размислите кога и како сте изгубиле нешто вредно во вашиот живот.

Дете што плаче симболизира страв од родителство. Можеби се плашите дека нема да бидете добар родител, а дека нема да го сакате сопственото дете. Таквиот страв е (најчесто) ирационален.

Дете кое гладува ја симболизира зависноста од помошта и поддршката на другите. Вие не сте сигурни во себе и ви треба помош од други за да извршите некоја активност или да ја завршите работата. Треба да работите на самодовербата.

Дете кое спие е добар знак. Доаѓа период на мир и спокојство пред вас. Конечно ќе се одморите и безгрижно ќе спиете.

Дете кое умира е потсетник на стареење. Вие сте зрел човек кој мора да ја прифати новата улога и одговорност што ја носи животот.